Најскапиот студентски дом со ѕидови кои протекуваат, студи, со распаднати ролетни половина месец по вселувањето – МОН тврди изведувачот ги санира пропустите

Во студентскиот дом „Стив Наумов“, за чие реновирање беа потрошени 10 милиони евра, неполн месец по вселувањето на студентите, е со ѕидови од кои протекува вода, парното не работи, а студентите споделија фотографии на кои се гледаат распаднати ролетни.
  • И покрај потрошените 10 милиони евра за реконструкција и тврдењата од МОН за најсовремени услови, неполн месец по вселувањето студентите се соочуваат со прокиснати ѕидови, нефункционално парно и оштетени ролетни, иако плаќаат највисока станарина од 6.600 денари.
  • Реакција на СДММ: Младината на СДСМ се огласи си остра критика, прашувајќи каде завршиле милионите и обвинувајќи за сомнителни партиски тендери и двојно зголемена партиципација за мизерни услови за живот.
  • Одговор од МОН и министерката Јаневска: Министерката тврди дека условите се одлични, додека од МОН посочија дека дел од проблемите се изолирани ситуации кои се санираат под гарантен рок, но обвинија и дел од студентите за несоодветно користење на инвентарот и предизвикување дефекти.

За кревет и храна во „Стив“ студентите плаќаат по 6.600 денари и е најскапата станарина од сите државни студентски домови.

Капацитетите на „Стив Наумов“ беа пуштени во употреба во септември годинава, а на промоцијата од МОН рекоа дека домот  нуди најсовремени услови за студентите.

На проблемите и како што беше истакнато лошата реконструкција реагираа од младината на СДСМ.

-Се потрошија 10 милиони, а наместо подобри услови, студентите немаат ниту основни услови за живот! За што се потрошија милионите? Каде завршија парите? Повторно во сомнителни партиски тендери? Очигледно, поважно е да се набават автомобили на лизинг, отколку обезбедување достоинствени услови за студентите.  Двојно ја зголемивте партиципацијата за сместување. За што студентите плаќаат 6.600 денари месечно? За прокиснати соби и мизерни услови? Веќе не можете да ги лажете студентите! Бараме итно одговорност, реагираа од СДММ.

Слушајте радио во живо

„Условите во „Стив Наумов“ се одлични“, објави министерката за образование, Весна Јаневска во објава на Фејсбук, нагласувајќи дека студентскиот дом е првиот од деветте студентски сместувачки капацитети што ќе претрпат целосна реконструкција и подобрување на енергетската ефикасност за време на мандатот на актуелната Влада. МОН во соопштение вината ја префрли и на студентите.

Уште на темата:

Само две недели откако домот беше реновиран и вселен, затнат тоалет поради фрлени влажни марамчиња, реагирше министерката

-Изолирани ситуации во реновираниот дом може да настанат сами по себе, но објектот е под гарантен рок и изведувачот постапува и ги санира. Но, несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот. Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот… Сите ситуации се надминати, се вели во соопштението на МОН.

Фото: Студентарија

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ