Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија ги објави резултатите од претседателските и потпретседателските избори одржани во странство, врз основа на обработката на 99,35 % од записниците од избирачките места, според кои во дијаспората водат Ѓуров и Кандев, информира екипата на МИА во Софија.
Кандидатската листа на Андреј Ѓуров и Георги Кандев е на прво место со 45,606 % од гласовите, или 36.681 гласа.
Илијана Јотова и Кирил Валчев се на второ место со 22,879 % од гласовите, односно 18.402 гласа.
На трето место се Костадин Костадинов и Петар Волгин, со 11,627 % – или 9.352 – од гласовите.
Од гласачите 2.340 или 2,909 % ја избрале опцијата „Не поддржувам никого“.
Во странство на претседателските и потпретседателските избори вчера се гласаше на 613 избирачки места во 60 држави. МИА






