Банките ги креваат провизиите до небо и „непријатно го изненадија“ гувернерот Славески

Деновиве деловните банките повторно почнаа да испраќаат информираа до граѓаните и своите клиенти за нови, повисоки провизии и тоа на очиглед на Народната банка, која законски ја има улогата на регулатор во секторот. Но, наместо на дело да се види таа регулаторна улога, првиот човек на Народна банка остана како што вели „непријатно изненаден од двоцифрените процентуални зголемувања“.  Славески вели дека не постојат причини за зголемување на надоместоците во платниот промет.

„Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот што во повеќето случаи станува збор за двоцифрени процентуални зголемувања“, вели гувернерот Славески за МИА.

Славески ја повика дека Комисијата за заштита на конкуренцијата треба внимателно да ги следи случувањата во банкарскиот сектор и да оцени дали ваквото однесување упатува на координирано дејствување што би можело да биде на штета на клиентите. Дополнително, според гувернерот, решението е во законски измени. Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира провизиите што ги наплаќаат банките.

Според него, потребата од евентуално законско регулирање произлегува од фактот што платниот промет претставува услуга од јавен интерес, неопходна за секојдневното функционирање на граѓаните и компаниите.

„Платниот промет има карактеристики на услуга од јавна корист, слично како снабдувањето со електрична енергија, вода или природен гас, што дополнително ја отвора дебатата за соодветен модел на регулирање на надоместоците во оваа област“, истакна гувернерот Славески.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ