Билјана Ивановска дојде на распит во Јавното обвинителство

Фото: Вангел Тануровски

Билјана Ивановска, екс претседателката на ДКСК и кандидатка за градоначалник на Општина Центар од Иницијативата „Независни заедно“ дојде на распит во Јавното обвинителство по тужба од физичко лице.

По рекции од јавноста минатата недела, како е можно шест месеци да не биде повикана на распит, туку сега кога ја објави кандидатурата, Обвинителството предложи Иваноска на распит да дојде по завршување на локаните избори, ако ова го чувствува како притисок.

Но, Ивановска, сепак, дојде во судот.

Од Обвинителство не објавуват за каков предмет станува збори,а под притисок на јавноста и го објавија името на обвинителката Адела Бојковиќ.

Ивановска, пак, по само 11 часа од објавување на кандидатурата на Фејсбук напиша:

-Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на коруцпија и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација. Ние со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство затоа што институциите треба да ни служам нам, а не на центрите чиј интерес е профитот. Јас навреме ќе ве информирам за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но секако, адреса на информирање е и Обвнителството како е надлежна институција, напиша пред неколку дена Ивановска.

В.М.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ