Бијонсе и Џеј Зи останаа без милиони следбеници, раперот се споменува во документите на Епстајн за гнасни дела

Фото: Јутјуб

Во некои од досиејата ефри Епстајн се споменува и раперот Џеј-Зи, кој наводно бил сведок на сексуална злоупотреба на девојка од страна на филмскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој е прогласен за виновен за сексуален напад во повеќе наврати. Неговата сопруга, светската ѕвезда Бијонсе, изгуби десет милиони следбеници на Инстаграм по ова откритие, а самиот рапер изгуби 100.000.

Голем број познати личности и моќни брендови престанаа да го следат Џеј-Зи на Инстаграм, вклучувајќи ги Ријана и Ким Кардашијан. Џеј-Зи сè уште има околу еден милион следбеници, а меѓу оние кои сè уште го следат се неговата сопруга Бијонсе, Линдзи Лохан, Диди, Иванка Трамп и Крис Џенер.


Во документите се тврди дека во 1996 година, жена наводно била киднапирана од нејзиниот дом, а подоцна се разбудила во вилата на Епстајн во Флорида, во присуство на филмскиот продуцент Харви Вајнштајн и Џеј-Зи.

Во досиејата се тврди дека жртвата била сексуално нападната за време на повеќе инциденти на имотот на Епстајн, но тие обвинувања остануваат непотврдени.

„Подоцна се разбудив во присуство на Харви Вајнштајн и Шон Картер (Џеј-Зи), додека Вајнштајн ги ставаше прстите во (цензурирани)“, се вели во еден документ.

Наводната жртва, исто така, тврдеше дека била злоставувана на забава во 2007 година на која присуствувале Вајнштајн и раперот Пуша Т.

Во меѓувреме, беа објавени и документи каде што се споменува самата Бијонсе, но во сосема друг контекст. Се вели дека Бијонсе настапила на настанот во Формула 1, што беше споменато во извештајот на учесник. Сепак, засега, нејзиното име нема никаква врска со обвинувањата, пенесува курир.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ