Бугарите и Србите однеле многу од нашите вредни артефакти како Златната маска – проф. Атанасовски во „Стадион“

Малку познат факт е дека во текот на Првата светска војна и во Втората светска војна во секоја бугарска единица воена единица задолжително имало еден археолог, еден историчар и еден филолог. Археолозите имале улога да го соберат сето вредно што ќе се нашло при копањето на ровови од страна на војската и го носеле во Бугарија, вели историчарот и универзитетски професор, Александар Атанасовски.

-Знаете ли дека и археолошкото наоѓалиште Баргала кај Штип и најголем дел од археолошките локалитети тие лични карти на археологијата се правени или од Бугарите кои биле тука? И во Првата светска војна и во Втората светска војна во секоја бугарска единица воена единица задолжително имало еден археолог, еден историчар и еден филолог. Јордан Иванов така ги има собрано „блгарските старини из Македонија“. Ние не сме имале наши археолози, не сме биле учени, вели професор Атанасовски.

Како што кажа во „Стадион“ на сличен начин делуваа и Србите, но тоа, како што вели професор Атанасовски, „го направија на модерен начин “.

– После Втората светска војна дојдоа и маските од Охрид ги однесоа, музејот демек во Београд е позаштитен и ги однесоа таму.Во во името на братство единство. А и да се разбереме  – рака на срце јас немам ништо ни против Србите ни против Бугарите, ама тој троен сојуз што ја подели Македонија 12-та година уште постои, уште функционира, уште се поддржуваат. Грци, Срби, Бугари тој тандем гледа да не’ уништи. Вие ако погледнете Србите и Бугарите беа непријатели. Значи Македонија секогаш е негацирана од Бугарија, имаме негации од Србија, секогаш била и од српски историчари. Па тие се разбираат. Интересите се нивни тие. Албанија се вклучи подоцна, ама сега веќе е вклучена и учи. Албанците во Македонија коишто се тука во Македонија повеќето се доселени после Карпошевото востание. Ама тие во нивните истории пишуваат дека тие се домородни, дека се тука од памти века, што не е точно, рече Атанасовски.

Исто како со артфактите, записите за животот на македонското население на поширокиот простор е во странски држави. Раните записи, книги и напишаното е однесено во Рим. Подоцна дел останало во Москва од нашите преродбеници. Има и во Загреб, каде делувало политичкото здружение Манапо – „Македонски напредни покрет“, формирано од македнските студенти во Загреб.

Историјата често била предмет на манипулации, како во случајот со Егзархијата каде секој верник бил запишуван како Бугарин. Пример за таква забуна е крштевањето на деца во католички цркви во Струмичко за време на Првата светска војна (бидејќи православните биле урнати), што подоцна било користено од некои историчари како доказ дека населението е католичко. Унијатството било обид за обединување на црквите, но главниот раздор останал прашањето за „филиоквето“ и борбата за превласт меѓу папата и цариградскиот патријарх.

Емисијата „Стадион“ може да ја следите на радио и на линкот:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ