Вегови, прва таблета за слабеење одобрена од ФДА

Фото: МИА

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри првата таблета за слабеење, Вегови (Wegovy), создадена од данската фармацевтска компанија Ново нордиск.

Таблетата се зема еднаш дневно и, според производителот, нуди ист ефект како и неделна Вегови инјекција. За разлика од други слични лекови, кои првенствено се наменети за дијабетес тип 2, овој нов изум од самиот почеток е создаден исклучиво за слабеење.

Земајќи ги предвид направените испитувања, корисниците на овој фармацевтски новитет имаат просечно намалување на телесната тежина, што според извршниот директор Мајк Дустдар пациентите добиваат поедноставна и попрактична опција, со ист ефект како инјекцијата.

Се очекува Вегови да стане достапна на американскиот пазар на почетокот на јануари 2026 година. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ