„Венчаницата преживеа а бракот не!“ – Оглас за продажба на свадбен фустан го насмеа цел Балкан

Фото: Фрипик

Оглас за проджба на венчаница го насмеа цел Балкан.

Една девојка го продава фустанот, а посебно внимание привлече начинот на кој беше напишан огласот – искрено, хумористично и без разубавување, со самоиронија што многумина ги насмеа. Девојката одлучи да ја раскаже приказната каква што е, без патетика и без криење, давајќи му на фустанот нова вредност преку хумор и отвореност.

Огласот гласи вака:

„Купено во наплив на емоции, носено затоа што веќе беше предоцна да се повлече рачна. Ја преживеа свадбата, танцот, тортата и животните одлуки. Фустанот е во совршена состојба, спротивно на мојата проценка во тоа време.

Идеално за:

невести со хумор
брак од љубов (или чиста љубопитност)
оние кои сакаат фустан со искуство
Го продавам затоа што ја научив лекцијата, а фустанот заслужува нова шанса. Доаѓа без младоженец, без драма и без гаранција за брак. Би вклучила неколку слики од тоа како изгледаше на мене, но ги избришав сите слики од тој несреќен ден. Големина е С/М. Слободно контактирајте не за цената и други информации“, пишува во огласот, кој можете да го видите ТУКА.
На крајот, оваа приказна уште еднаш покажува дека зад секоја венчаница стои посебна судбина, понекогаш бајковита, понекогаш неочекувана, но секогаш вредна за раскажување.

(Она.рс)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ