Веќе нема купување возила „пред смрт“ од ЕУ! Што носи новата европска регулатива за увоз на половни автомобили?

Фото: Јутјуб

Европската Унија работи на значајна промена во правилата кои ја регулираат трговијата со половни автомобили, со цел да ги спречи најлошо одржаните или технички неисправни коли да завршуваат во трети земји како што се земјите на Западен Балкан, пишува пари.мк. Новиот пакет регулативи што се развива во Брисел подразбира дека кога одредено возило ќе се продава или извезува од ЕУ, мора да биде јасно докажано дека не е „возило на крајот од животниот век“ (End-of-Life Vehicle – ELV) и дека е технички исправно и безбедно за сообраќај.

Ова значи дека старите, со децении користени автомобили кои редовно се извезуваат од Германија, Италија, Франција, Австрија или Белгија нема да можат лесно да се продадат или испратат во трети земји без стандардизиран доказ за исправноста. Потврда за тоа ќе се добива со задолжителен технички преглед или проценка од независен експерт, а без таков документ возилото едноставно нема да може да се регистрара, да се извезе или да се продаде преку официјални канали.

Еден од најспорните делови од оваа регулатива е фактот дека трошокот за издавање на сертификат за техничка исправност веројатно нема да биде мал: според некои процени тој може да биде во опсегот од 1.500 до 2.000 евра, што често е блиску или дури значително над вредноста на најевтините автомобили што се извозат на пазарите на Балканот. Тоа значи дека многу стари возила едноставно нема да се исплати да се подготвуваат за извоз од ЕУ, па наместо тоа ќе завршуваат на рециклирање во самата Унија, од каде веќе нема да можат да се транспортираат.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ