„Ве гледаме!“- Герила акција на „Кој е следен?“ пред Кривичен

Денес, пред второто рочиште за случајот  поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс”, „Кој е Следен?” изведе симболична акција пред Кривичниот суд. Пред влезот беа поставени десетици „очи” како порака дека јавноста внимателно го следи процесот и дека сите очи се вперени кон институциите кои треба да обезбедат правично, независно и транспарентно судење.

-Со акцијата се испраќа јасен сигнал дека семејствата на загинатите, преживеаните и целата јавност очекуваат одговорност и јасни судски постапки, без одолговлекувања и без политички влијанија. „Кој е Следен?” најавува дека ќе продолжи активно да го следи процесот и да реагира секогаш кога постои опасност правдата да биде нарушена. Нашата порака е јасна: не смееме да дозволиме трагедијата во „Пулс” да се претвори во уште една неказнета болка. Поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс”. Правосудниот систем денес повторно е под будното око на јавноста. Пред второто рочиште за „Пулс” поставивме очи пред Кривичен суд за да знаете дека секој потег се следи и секоја одлука се памети, велат од „Кој е Следен?“.

Следете го блогот со најнови информации за судењето за Пулс овде.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ