Мајка од Штип пријавила дека синовите психички и физички ја малтретирале и и се заканувале.
-На 01.11.2026 во 17:42 часот во СВР Штип, 48-годишна жена од Штип пријавила дека во изминатиот период била психички и физички малтретирана од нејзините 20-годишни синови, кои постојано ѝ се заканувале. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информират од МВР.







