Алта банка има 19 експозитури и мрежа со 187 вработени – годинава работела со загуби, но се купувале акции

По одземањето на дозволата на Алта банка во Србија, Народната банка на Македонија воведе принудна управа над Алта банка АД Битола, со тврдење дека се работи за посебен субјект, иако доминантен акционер е српската банка, која денеска замина во стечај.
Алта банка има 19 експозитури и мрежа од 187 вработени – годинава работела со загуби, но се купувале акции
Фото: МИА
  • Од 22 мај па се’ до 22 октомври, што е три дена пред изборите во Србија, Алта банка АД Битола го докапитализирала капиталот преку купување на 690 акции, со што стигнала до 95,30 отсто акции
  • Во 2025 година, банката остварила позитивен финансиски резултат со нето-добивка од 40,60 милиони денари
  • Во периодот јануари – септември 2026 година, банката бележи нето-загуба од 48,64 милиони денари

Само еден ден пред одлуката да се воведе принудна управа во Алта банка АД Битола, официјално е објавен билансот на успех за оваа банка за периодот од 1 јануари до 30 септември годинава. За разлика од 2025 година, која била првата година од работата на банката која се ребрендираше откако ја купи Стопанска банка – Битола, првите девет месеци од годината, работела со загуби.

Слушајте радио во живо

Според јавно објавените извештаи, во 2025 година, банката остварила позитивен финансиски резултат со нето-добивка од 40,60 милиони денари, иако намалена во однос на претходната година поради конзервативната политика. Добивката не им била исплатена на акционерите во вид на дивиденда, туку останува задржана и акумулирана во банката. Сепак, како што кажа гувернерот Трајко Славески, српската банка на македонската ѝ должи едем милион евра.

Во периодот јануари – септември 2026 година, банката бележи нето-загуба од 48,64 милиони денари, што претставува значителна промена во резултатот. Објаснувањето е дека тоа се должи на влијанието на зголемените инвестициски вложувања во развојот и кадрите, како и зголемените резервации и расходи.

Прочитајте уште на темата:

АЛТА банка утрово ги затвори експозитурите – Граѓаните бесни чекаат во редици

Во 2025 година, трошоците за вработени бележат благ пад од 2,82% поради намален број на вработени, додека во 2026 година, овие трошоци бележат експлозивен раст од 32,57% стигнувајќи до 176,26 милиони денари за девет месеци, како директна последица од реализацијата на новата стратегија за организациски раст, зајакнување на кадрите и проширување на капацитетите.

Во Алта банка во Македонија работат 187 луѓе

Алта банка има мрежа од 19 организациски единици – експозитури и шалтери распоредени во повеќе градови низ државата. Во Скопје има 6 експозитури, една во Тетово, централа и три експозитури во Битола, како и експозитури во Охрид, Ресен и Демир Хисар. Располага со експозитури во Велес, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Гевгелија. Банката има вкупно 187 вработени.

Паралелно со вложувањето во кадри, Алта банка регистрирала и раст на нето-кредитите на клиентите, кои достигнуваат 4,90 милијарди денари, или  висок годишен раст од 27,6%.

Прочитајте и за ова:

НБ: „АЛТА банка” АД Битола продолжува да работи, граѓаните ќе може да подигаат 10.000 денари неделно

Интересно е што од август па наваму, банката интензивно се докапитализира, преку купување на акции. Последен пат на берзата биле купени 260 акции на 22 октомври, што е три дена пред одржувањето на вонредните парламентарни избори.

Македонска берза донесе одлука со која Алта банка АД Битола од денеска ја става на  на „Листата за набљудување“.

„Внесувањето на друштвото АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола“, соопшти Македонска берза.

Веста за покренувањето стечај над банката во Србија уште истиот ден предизвика масовно повлекување на средствата на граѓаните, при што како што објави губернерот на НБРСМ, Трајко Славески, биле подигнати околу 2 милиони евра. Славески објави дека е воведено ограничување од 10.000 денари неделно за физичките лица, или 40.000 денари месечно, без оглед со колку средства располагаат во банката.

И денеска граѓаните се пред банкоматите, додека во Србија Белградската берза, денес донесе одлука за привремено суспендирање на правото на пристап до системот за тргување со акциите на Алта банка. Обвинителството покрена истрага со шпекулациите дека изминатите денови се изнесувани пари од банката во Македонија и Русија.

Имотот на банката останува под надзор со цел да се спречи растурањето и да се заштитат доверителите.

В.К.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ