Јахии од ДУИ прогласи победа на вонредните избори за градоначалник во Брвеница

Со музика, факели и извици „УЧК“ низ улиците на Челопек, ДУИ слави победа на вонредните избори за градоначаник во Брвеница
ДУИ слави победа во Брвеница
ДУИ слави победа во Брвеница

ДУИ објави дека нивниот кандидат за градоначалник Аркин Јахии, победил на вонредните избори за градоначалник во Брвеница. Државната изборна комисија за 21 часот закажа прес конрефенција, на која ќе ги соопшти првични неофицијални резултати од денешните избори.

На славењето се придружи и лидерот на ДУИ Али Ахмети заедно со Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Во обраќањето пред неговите гласачи, Јахии посебно се заблагодари до иселениците, поради тоа што дошле од странство и гласале за него. Како што рече, ним вечно ќе им биде благодарен.

Победата на Јахии ја честиташе и Зијадин Села, кој ја пофали решителноста, трудот и посветеноста што доведоа до овој резултат, изразувајќи посебна благодарност до албанската дијаспора, која, според него, уште еднаш ја докажа својата сила и патриотизам.

„Победата во Брвеница е одлична вест, која треба да го трасира патот за подеднакво важната работа што претстои пред сите нас – имено, враќањето на Кичево и победата во Бутел.“ напиша Села во честитката.

Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ чиј кандидат Стојанчо Радичевски имаше благо водство во првиот изборен круг, го обвини коалиционерот ВРЕДИ дека не успеал да се дистанцира од ДУИ и ги „раштркал гласовите од гласачкиот базен“.

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови. Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа“, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ