Горазд Чаповски гитарисот од култиот македонски бенд Мизар, во текот на гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 се осврна на нашиот однос кон вредностите, вклучително и односот кон музиката. Како илустрација го спомена снимениот спот на песната на Мизар „Девојка од прозор“, која е дел од архивата на националниот сервис – Македонска радио и телевизија (МРТВ).
-Во МТВ ги нема лентите. Не може да ја најдеме изворната снимка на „Девојка од прозор“. Спотот не може да го најдеме. Таму е цела македонска музика, снимките на Леб и сол… да не збориме за музиката што го прави нашиот идентитет, тие на Вања Лазарова… Ги нема, ниту е дигитализирано, вели Чаповски.
Зборувајќи во „Стадион“ Чаповски заедно од басисотот во „Мизар“ Илија Стојановски, вели дека проблемот со рок музиката е што секогаш била политички и социјално ангажирани, на пример Џон Ленон, од таа причина, токму кога беше најпопуларен бил тргнат од јавноста.
Што се однесува до личниот политички ангажман, Горазд Чаповски рече дека бил ангжаран како лобист за проектот „Скопје 2014“, пишувал колумни, додека не се покажал проектот во вистинската негова смисла. Мизар за хонорар свирел, како што објасни Чаповски во Охрид на предизборен митинг на Сашко Кедев (како кандидат за претседател н.з.), кога биле поканети од Ганка Цветановска.
-Ние бевме ВМРО уште пред ова ВМРО, рече Илија Стојановски.
Емисијата „Стадион“ е во тек, интервјуто може да го погледнете:







