(Видео) Дедо Мраз ќе вози накитен воз од Железничка до Маџари и назад

 Железници на Северна Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет на новогодишните празници, со воведување на специјално украсен новогодишен воз.

-Празничната магија на шините продолжува! Ве известуваме дека до 30 декември, секој ден на железничката станица во Скопје, Ве очекуваат новогодишни претстави, по чие завршување новогодишниот воз тргнува на празнично патување на релација Скопје – Маџари – Скопје, стои во соопштението на Железници.

Оттаму додаваат дека за сите оние кои сакаат само уживање во возењето и празничната атмосфера, обезбедиле и дополнително само возење во 18:00 часот, на истата релација, и ги повикуваат сите да бидат дел од оваа новогодишна бајка и на незаборавно доживување за целото семејство.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ