Се работи на автопатот Прилеп – Битола, каде првите 11 километри се очекува да бидат пуштени во употреба до крајот на 2026 година. Кон крајот на 2027 година или почетокот на 2028 година е планирано завршување на целата траса во должина од 40 километри.
Како што е веќе познато, овој автопат ќе се поврзува со експресниот пат Градско–Дреново–Фариш. Во план е и изградба на делница со која ќе се поврзат Фариш со Прилеп. Изведувач на проектот е компанијата „Бехтел и Енка“.





