(Видео) Еди Рама не се шегува – урната цела дива населба

Албанскиот премиерот Еди Рама продолжи со акцијата за уривање на нелегалните градби покрај морето. Рама изутрината сподели снимки од уривањето на нелегалните градби во ’Рт Родони.

Во прилог на видеото на Фејсбук, Рама напиша: „Одиме напред, без запирање“.

Рама претходно нагласи дека ослободувањето на јавните простори, според него, ќе го отвори патот за Урбана ренесанса 2.0, што ќе го зголеми квалитетот на животот во заедницата и зелената димензија на градовите.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ