(Видео) „Злосторство од омраза!“: Запалени амбулантни возила на еврејската заедница во Лондон

Фото: Х видео принтскрин

Неколку возила што ѝ припаѓаат на еврејска волонтерска организација беа запалени синоќа пред синагога во областа каде што се наоѓа најголемата еврејска заедница во Лондон, а полицијата го третира случајот како антисемитски напад, пренесува сд.рс.

Пламен го осветли ноќното небо, а жителите на Голдерс Грин, предградие во северен Лондон, беа разбудени од силни експлозии додека десетици пожарникари беана местото на настанот.

„Полициските службеници се уште се на местото на настанот, а палењето се третира како антисемитско злосторство од омраза“, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека некои жители биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Снимките од надзорните камери покажуваат три маскирани лица како се приближуваат до амбулантно возило на Хацола Нортвест и го палат. Временската ознака покажува 1:36, а локацијата е наведена како Махзикеи Хадат, што одговара на името на блиската синагога.

Полицијата потврди дека бара тројца осомничени, но изјави дека досега не се извршени апсења. Локалната жителка Чарли Ричардс изјави за Си-Ен-Ен дека слушнала „повеќе експлозии од 2 часот наутро“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ