(Видео) „Знам дека ќе бидам добро“ – Линдзи Вон трет пат оперирана

Фото: Инстаграм видео

 Американската скијачка Линдзи Вон објави вечерва дека успешно е оперирана по трет пат откако имаше тежок пад во спустот на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Милано и Кортина.

Четириесетиедногодишната Вон ја илустрираше објавата на Инстаграм со фотографии од болничкиот кревет со кренат палец.

„Денеска ја имав третата операција и беше успешна. Иако закрепнувањето е бавно, напредувам и знам дека ќе бидам добро“, порача Вон.

Вон падна само 13 секунди по стартот на спуст трката во неделата, по што беше транспортирана во болница во Тревизо со хеликоптер. Ден подоцна, повеќекратната светска шампионка потврди дека претрпела комплексна фрактура на тибијата, која е стабилна, но бара повеќе операции за да биде соодветно санирана.

„Благодарна сум на неверојатниот медицински персонал, пријателите и семејството кои се покрај мене, како и на огромната поддршка и љубов што ја добивам од целиот свет. Големи честитки до сите спортисти во тимот на САД кои ме инспирираат и ми даваат причина да навивам“, додаде Вон. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ