(Видео) Зоран Тодоров: Паметен град и безбеден град – два проекти за подигнување на безбедноста и сигурноста на Кочани

Независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Зоран Тодоров во емисија Стадион на Канал 77 зборуваше за приликите во градот шест месеци по трагичниот по дискотеката „Пулс“. Пожарот, како што рече, е од толкави размери, што со него тешко ќе се справи еден Берлин, а не пак мал град како Кочани.

Сепак, како што рече Тодоров, пожарот ќе биде обележје на градот, по кој ќе го познаваат, своевиден симбол, како што е тоа оризот. Градот е во специфична ситуација, а како што изјави, не се дрзнува да ги коментира чувствата на родителите.

– Ние не можеме да сфатиме што родителите доживуваат. Затоа да направиме се’ за да им олесниме и да направиме се’ да не се случи повторно такво нешто, рече Тодоров.

Неговиот план за заздравување на градот е во неколку дела.

-Со подобрување на системот, пред се’ на здравствениот систем . Кочани многу назадувал во изминатите 30 години. Порано имавме центри, сега се тоа е намалено– но е тоа по вина на докторите кои ги имаме кои се мачат со опремата и малиот број на доктори,  туку поради тоа што Скопје гледало поинаку на нас, имал поинакви планови како тоа ќе го реши.  Резултатот е овој кој сега го гледаме.  – ќе се бараме тоа да го подобриме или барем да бидеме на тоа ниво што го имаат скопјани. Ние сме рамноправни граѓани на Р.Македонија, така и ќе се поставуваме кон централата Скопје, рече Зоран Тодоров, независен кандидат за градоначалник на Кочани.

Тодоров зборуваше и за планот како да се зголеми безбедноста на градот. Предлага два проекти.

-Паметен град и безбеден град со поставување на сензори, камери и дронови, ваков систем е поставен во четири градови, компанијата која тоа го работи ми го даде проектот.  Тоа ќе биде основа и старт како да бидеме побезбедни не само кон пожарите  туку и безбедноста  – да добијат казни тие што палат, вели Тодоров.

Тој смета дека овие два проекти значајно ќе ја зголемат безбедноста во градот и раното предупредување.  Трет важен дел е промена на законодавството и едукација на децата со воведување на школски предмет кој ќе ги учи како да реагираат во одредени кризни ситуации.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ