Паѓа ли политиката во Македонија во втор план? Испливува ли на површина меѓуѓенерацискиот јаз? Луѓе кои живеат од 20 век, милениумци или Зет генерации и најновите алфа.
Ова беше тема на денешната емисија „Стадион“ на Канал 77, во која гостинка беше Анамарија Велиновска од Институтот за демократија.
-Тоа беше очигледно и на овие локални избори. Има разлики во тоа што сакаат младите да слушнат од кандидатите, од политиките, а што сакаат постарите. Има разлики во тоа како ги восприемаат информациите во однос на кампањите кои се водат. Не секој вид на кампања кој порано бил прифатил, а сега е добро восприеман од публикта. Да, постои генерациски јаз, но како ќе го адресираме во иднина зависи од политиките понатака, вели Велиновска и додава:
-Да се каже дека државата ни отишла во погрешна насока заради 1-2 премиери кои тогаш биле млади, мислам дека многу големо поедноставување на работите. Тука е цел склоп на политички случувања во овие 35 години, кои не довеле таму кај што сме.Во последните 15 години имаме возрасни премиери, а го видовме последниот извештај на комисијата. Дали би му дала на млад човек 150 милиони буџет? Да, доколку се покаже како компетентен да раководи со нив. Њујорк е еден од најголемите метрополи, а му ја даде поддршката на човек кој е под 35 години. Тоа не може да се земе како негативна карактеристика ако излегол со соодветна кампања, рече таа.
Погледнете го гостувањето на видеото:





