Песната „Југославија“, изведена од Зејна, која се натпреварува на овогодинешното издание на „Песни за Евровизија“ кое ќе се емитува на РТС, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, пренесува Србија данас.
Особено по објавата што се појави на платформата Х, во која јавно беше доведена во прашање нејзината подобност според правилата на Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
Како што тврди објавата, по песната што во минатото алудираше на „враќањето на војската на Косово“, сега, според нив, се појавува песна што „ја величи Југославија“.
Во објавата понатаму се наведува дека, доколку Србија ја избере оваа песна за свој претставник за Евровизија 2026, ЕБУ нема да ја дозволи, бидејќи политичките пораки, според правилата на натпреварот, се строго забранети.
🚫 #Serbia can’t separate politics from #Eurovision After a song about the “return of the army to #Kosovo ” in PZE, this year there’s a song glorifying #Yugoslavia . If Serbia selects it, the EBU won’t allow it — political messages are banned by the rules. pic.twitter.com/HpuDf1hhQn
— Eurovision Kosovo (@ESCKOSOVO) February 2, 2026
-Доколку Србија ја избере оваа песна, ЕБУ нема да ја дозволи – политичките пораки се забранети со правилата – се вели во објавата.
Песната „Југославија“ беше објавена на официјалниот Јутјуб канал „РТС Песна за Евровизија“ и веќе го привлече вниманието на публиката, како поради силната атмосфера и визуелниот идентитет, така и поради самото име, што предизвика голема носталгија кај балканската публика.
Досега ниту РТС ниту изведувачката Зејна официјално не ги објавија овие наводи, додека дискусијата на социјалните мрежи се разгорува. Останува да се види дали прашањето за политичката интерпретација на песната ќе биде отворено на официјално ниво за време на натпреварот.




