(Видео) „Купи ме“ ја крева еуфоријата: Лозано со нов сингл и спектакл во „Борис Трајковски“


Еден од најпознатите македонски пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска премиерно ја објави својата најнова песна со наслов „Купи ме“.

За песната е реализиран и видеоспот кој визуелно ја надополнува музичката приказна. Во него, покрај Лозано, се појавува манекенката Марта Михајловски, која ја толкува главната женска улога. Видеоспотот е во реализација на Гордан Божиновски, а продуцент е Верица Донев Божиновски.

Говорејќи за новиот сингл, Лозано истакнува дека „‘Купи ме’ е стил на песна кој највеќе го чувствува и му лежи“. Лозано откри дека паралелно течат и интензивните подготовки за големиот солистички концерт.

„Се подготвуваме сериозно – ќе настапам со голем бенд, работиме на нови аранжмани, ќе има гости и неколку сценски изненадувања за публиката,“ накусо изјави Лозано.

Новото музичко издание доаѓа во пресрет на големиот солистички концерт на Лозано, кој ќе се одржи на 7 март во арената „Борис Трајковски“. Концертот е најавен како целосен музичко-сценски настан, со засилена продукција и специјално подготвена програма, но сѐ уште не се откриваат многу детали…

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ