Возач на камион од Македонија загина во пламнатиот камион вчера во 14:15 часот на автопатот А3 во општина Доњи Андријевци, во близна на Славонски Брод, Хрватска. Според полициските извештаи, камионот излетал од патот, а потоа се запалил. Камионот било зафатен од пламен за многу кратко време, а набрзо се слушнале и експлозии, објави SBOnline.
Полицијата соопшти дека на местото на настанот се пронајдени македонски регистарски таблички.
„Од засега непознатиот возач управувал со група возила, движејќи се по јужната лента и слетал надвор од коловозот од северната страна, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во столб за јавно осветлување и преминал на спротивната северна лента, а откако се спуштил, повторно удрил во централната заштитна ограда и уште еден столб за јавно осветлување. Како резултат на пожарот, возилото целосно изгорело заедно со непознатиот возач“, соопшти хрватската полиција.
Очевидци сведочат дека возачите и другите учесници во сообраќајот се обиделе да му помогнат на камионџијата, но поради интензитетот на пожарот и детонациите, не можеле ни да му се приближат. Возачот бил заробен во возилото и починал, а се тврди дека станува збор за постар државјанин на Македонија. Исто така, се дознава дека во камионот немало друго лице, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.
Повеќе детали ќе се знаат во текот на денот.
Видео: pozega.eu
Фото: Принт скрин






