Младите на овие избори и на многу други изборни циклуси служат како декор, за да се покаже дека нашите кандидатски листи се доста отворени, еве имаме и млади луѓе, а тие ги пополнуваат само долните места, очекувано недобитни, вели Ристо Савески, Младински обрзовен форум-МОФ во денешната емисија „Стадион“ на Канал77.
-Во Македонија на многу полиња има генерациски јаз. Тој се должи на технолошката присутност во процесот на образование и воспитание, а тој јаз се гледа и во политиката. Колку од младите се зинтересирани на избори да излезат да гласаат. Голем број од младите се апатични за учество во јавниот живот. Главно мото им е- не се замарам со политика. Оставаат место нив да одлучуваат повозрасните да одлучуваат за нивната судбина, вели Савески.
Погледнете го целото гостување на Савески во видеото:





