(Видео) Најголемите радио-професионалци гледаат светла иднина на трансформираното радио – Канал 77 на Radiodays Europe 2026 во Рига

Радиото се’ уште има светла иднина, иако е постојано предизвикано од платформите за стриминг и социјалните медиуми, некои станици не само што преживуваат – туку брзо растат, беше еден од заклучоците на бројните панели на Radiodays Europe 2026 – водечки меѓународен настан посветен на аудио индустријата, кој ќе се одржува во Рига, Латвија.

Оваа конференција ги собра на едно место најважните професионалци од областа на радиото, подкастите и дигиталниот звук, со цел размена на знаења и воспоставување соработки. Програмата вклучува стручни предавања, работилници и дискусии фокусирани на технолошките иновации, новите деловни модели и стратегиите за привлекување публика. Учесниците имаат можност да се поврзат со влијателни лидери од медиумски гиганти како BBC и Bauer Media.

Главни теми на конференцијата се најнови индустриски трендови и врвна технологија, вештачка интелигенција и нејзината примена во аудио индустријата, нови бизнис модели и стратегии за монетизација на содржината, креативни техники за раскажување приказни (storytelling), Дигитално аудио и подкастинг, вклучувајќи откривање на иновативни формати и други теми од важност.

Додека автомобилската индустрија забрзува кон целосно поврзана иднина, едно нешто останува јасно: радиото е сè уште во срцето на аудио искуството во автомобилот. Сепак, начинот на кој публиката пристапува до радиото брзо се развива. Покрај тоа, најпопуларните подкасти се водени од нарација и сè повеќе ги консумира помладата публика, истакнувајќи дека индустријата „е во подем… особено миленијалците и генерацијата Z. По глобалните случувања, неминовна тема е што се случува со демократијата кога луѓето повеќе не им веруваат на информациите што ги добиваат? Медиумите играат централна улога во обликувањето на јавното мислење и овозможувањето на демократско учество. Меѓутоа, како што довербата се намалува, луѓето почнуваат да се прашуваат што е вистина, а што не. Ова создава простор за дезинформации, конфузија и зголемена поларизација. Еден од главните двигатели зад оваа промена е порастот на популизмот. Популистичките движења се многу стратешки. Тие се потпираат на емоционални пораки, едноставни наративи и јасни поделби помеѓу „нас“ и „нив“. Овие пристапи се ефикасни бидејќи се лесни за разбирање и резонираат со фрустрациите на луѓето. Важно е да се напомене дека ова не е ограничено на една политичка страна – и левичарскиот и десничарскиот популизам користат слични техники за да добијат поддршка.

Дефинитивно, беше заклучокот на еден од панелите, демократијата зависи од слободата на говорот, но што се случува кога таа слобода се користи за ширење на погрешни или лажни информации? Затоа отворената дебата е од суштинско значење, но сепак мора да биде избалансирана со посветеност на вистината. Без оваа рамнотежа, јавните дискусии ризикуваат да станат искривени и непродуктивни.

Начинот на кој публиката го консумира аудио сигналот брзо се менува, но една порака од – Radiodays Europe 2026 останува – иднината на радиото е сè уште светла. Но, сè додека останува вкоренета во човечката поврзаност. Радио Канал 77 остнува посветен на новите трендови и преку присуството на најзначајниот радио настан во Европа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ