(Видео) Нов Зеланд со огномети ја дочека Новата 2026 година

Фото: Јутјуб

Нов Зеланд ја дочека Новата 2026 година со организирани огномети и јавни настани, со што Пацификот прв во светот влезе во новата календарска година.

Во Окленд, најголемиот град во земјата и првиот поголем град што ја дочека 2026 година, беа осветлени главните знаменитости, а на кулата „Скај Тауер“ беа проектирани фотографии од „посебни моменти“ испратени од граѓаните во текот на 2025 година.

Одбројувањето започна на мостот „Окленд Харбор Бриџ“, по што следеше огномет од „Скај Тауер“.

Главниот град Велингтон, исто така, организираше огномет и музичка програма во центарот на градот. Новата година во главниот дел од Нов Зеланд настапи во 12:00 часот по македонско време, додека Четемските Острови ја дочекаа Новата година 45 минути порано. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ