(Видео) Опозицијата застана зад Мелони по нападите од Трамп – Италија е пример како држава се чува со единство и покрај разликите

Фото: Х видео

Говорот на италијанската пратеничка Ели Шлајн, која ја бранеше премиерката Џорџа Мелони во парламентот по критиките упатени од американскиот претседател Доналд Трамп, привлече внимание од јавноста како пример за политичка реакција во ситуации каде што, и покрај внатрешните разлики, се истакнува важноста на институционалното и државното единство.

Во своето обраќање, Шлајн нагласи дека нападите врз легитимно избраните претставници на владата не смеат да бидат прифатливи, без оглед на политичките позиции во самата држава.
„Прво на сите, сакам да ја изразам нашата најсилна осуда, за која сум сигурна дека ќе биде едногласна во оваа сала, во врска со нападот на претседателот Доналд Трамп врз претседателот на Советот на министри, Џорџа Мелони. Италија е слободна и суверена земја и нашиот Устав е јасен. Италија ја отфрла војната. Ниту еден странски шеф на држава не може да си дозволи да напаѓа, да се заканува или да покажува непочитување кон нашата земја и нашата влада. Ние сме противници во оваа сала, но сите сме италијански граѓани и претставници на Италијанците и нема да прифатиме напади или закани насочени кон владата и нашата земја“, рече Шлајн.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ