(Видео) Паѓале камења од приколка – Возач на камион ќе го чисти патот Куманово- Крива Паланка и ќе плати казна

Пронајден е возачот кој денеска го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, изречена му е прекршочна санкција и наложено му е да го исчисти патот, информираат од МВР.

-Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово. На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници, велат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ