(Видео) Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Фото: Фејсбук

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. 

-Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија, напиша Ивановски.

Градбата на оваа траса, нагласи, изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. 

-Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите. Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех, порача Ивановски на фејсбук.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ