(Видео) Рафет и Феим јавно се извинија за заканите и навредите од протестот во Битола

Истиот ден кога Јавното обвинителство соопшти дека работи на предмет по јавно искажаните закани и навреди на протестите во повеќе градови низ државата, стигна извинување од двајца најгласни граѓани на протестот во Битола.  

Рафет Бемишовски и Феим Мемишовски велат дека биле вознемирени од одземањето на возилата на нивни блиски луѓе од страна на полицијата и биле револтирани од постапките.

Два дена припадници на ромската заедница протестираа и палеа на улиците поради примената на законските измени, со кои може да се одземе возило од страна на полицијата, меѓудругото и поради возење без возачка дозвола.

Независниот полициски синдикат соопшти дека поднел кривична пријава против две лица од Битола кои на протест јавно се закануваа дека ќе убиваат луѓе.

„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано“, соопшти Синдикатот.

Видео: ФБ_Рома прес

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ