Пристапниот пат до новиот научен комплекс на Центарот за извонредност, вреден 23 милиони евра, се урна изутрината во Крагуевац, Србија. Чиста среќа е што никој не беше повреден. Како што објави
„Глас Шумадије“ , продолжува свлечувањето на патот, а стабилноста на теренот е сè уште загрозена, што предизвикува незадоволство и загриженост кај граѓаните.
Иако, како што беше презентирано на јавноста, дека работите на објектот беа завршени минатата година, пристапните патишта и потпорните ѕидови почнаа да се уриваат.
„Видов слики и видеа утрово. И навистина изгледа апокалиптично“, изјави за порталот, Вукајло Бабиќ, ко-сопственик на компанијата „Инобачка“ и нејзин втор правен застапник.
Тој вели дека неговата компанија не работела на потпорниот ѕид, туку на пристапните патишта.
Крагујевац!
Ало идиоти, да ли је могуће да све што пипнете уништите попут Хуна и Авара!!!
За лоповлук и издају се мора одговарати ако има Бога! pic.twitter.com/NS0WliTDNj
— Александар Максимовић (@amaksimovic1) November 28, 2025
Центарот за извонредност во Крагуевац, кој има површина од 11.500 квадратни метри, е во изградба со години. Медиумите пишуваа дека камен-темелникот бил поставен на 25 јануари 2016 година, а во декември 2023 година беше кажано дека работите се завршени и дека Центарот ќе биде отворен напролет. Нема информации дека тоа се случило.
Објектите на овој комплекс вклучуваат истражувачки лаборатории, центар за матични клетки и биомедицински инженеринг, а повеќе од 300 истражувачи ќе работат во целиот Центар за извонредност. Повеќе од 3.000 студенти ќе бидат сместени во наставниот дел, а во централниот дел Институтот за иновативни технологии и, привремено, Научно-технолошкиот парк.
Извор: ТВ Нова.рс








