(Видео) Скопје не е веќе срам, рече Ѓорѓиевски и ја заврши акцијата од 72 часа

Успешно ја завршивме оваа активност, која пред граѓаните се обврзавме да ја реализираме, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по завршување на ветените 72 часа, рок во кој се обврза да го исчисти Скопје.

-Состојбата на почетокот беше нереална да ја изведеме, бидејќи беа десеткувани и структурите во јавните претпријатија, но и машинеријата. Кога ја преземав функцијата имаше 16, а сега има над 40 камиони. До петок треба да има околу 60 функционални камиони. Ни помогнаа наши градоначалници, но и опшествено одговорни компании. Ако не ни помогнеа немаше да можеме сами. Собрани се над 4,500 тони отпад или 4-5 пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало години наназад. Ова говори за таложењето на мини депониите покрај секоја микро локација, но и мини депониите создадени во многу населени места. Над 2.500 работници од јавните претпријатија беа вклучени. И јас и мојот тим, но и работниците сме платени од граѓаните и ова го должиме на скопјани, рече тој на прес конференцијата и додаде:

-Во наредниот период нема да запреме. Правиме оперативен план. Нема да дозволам никогаш да се случи онаа грда слика повторно во Скопје. Освен што беа чистени сите микро локации, со контејнерите, го чистевме и речното корито. Прв пат по 10 години вештачки создадените острови беа исчистени. Плоштадот не беше исчистен долго време, мостот, кејот, градскиот парк, Жена паркот и сите останати места кои беа симболика на срам. Доага зима, нема да можеме да се занимаваме со сериозни градежни активности, тоа на пролет. Да ја споменам и огромната депонија кај гробиштата во Бутел, конечно беше исчистена. Почнавме и Вардариште да го чистиме.Порачувам скопјани да бидат спокојни, рече Ѓорѓиевски.

На средбата со новинарите рече дека тој и работниците имале чувство како во моментов половина Скопје се реновина, бидејќи имало исфрлено многу кабаст отпад, но и најави казните за несовесните.

-Ги замолувам нашите сограѓани во однос на нивната корекност во постапувањето на одлагањето на отпад. Дополнително отежнување на оваа акција беше тоа што добивме вечаток како половина Скопје да се реновира наеднаш, па мораше дополнително да се постапува во отстранување мебел. Ќе собираме кабаст отпад и тоа ќе биде редовно. Кога има алармантна состојба во некое домаќинство, слободно ќе се обратат до службите и ние ќе постапиме. Но, доколку некој несоодветно се однесува ќе биде опоменат и ќе биде изречена казна. Повеќе од 40 казни се изречени, а над 70 опомен на физички и правни лица. Ќе се направи анализа и секој правен субјект ќе си добие контејнер. Имаме серозни правни субјекти кои не користеле контејнери. Нека не ми замерат, но не може поради некој процент наши несовесни граѓани да биде казнуван целиот колектив. Затоа ќе воспоставиме ред. Оние кои се совесни ќе бидат наградувани, а несовесните казнувани. Законот тоа го дозволува и нема толеранција, кажа тој.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ