Лишени од слобода три лица од кривопаланечко, попречувале полициски службеници и вработени во АХВ при извршување службени дејствија.
-На 02.12.2025 околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко. Имено, тројцата агресивно се однесувале и попречувале полициски службеници при вршење службени дејствија кои давале асистенција на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, тие ги попречувале вработените во АХВ кои биле ангажирани за собирање на крупен добиток, а упатувале и закани кон неколку соселани. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Во врска со овој настан видео на својот Фејсбук профил објави и третата ќерка, Јулијана.
Таа во описот на видеото напиша:
-Луѓето што држат дрва (тврд предмет) во рацете – и во моментот го напаѓаат татко ми – не се лишени од слобода. Јасно се гледа дека апсат луѓе без никаков прекршок, без инцидент, без отпор и без попречување. Ниту провокација, ниту причина – а сепак се применува сила и лишување од слобода. Ова не е законска постапка. Ова е класичен пример на злоупотреба и прекршување на основните човекови права, нпиша Јулијана.
Семејството Ѓоргиевски е сопственик на над 500 крави, а жителите со години се жалат дека кравите им ги уништуваат земјоделските поседи.
Погледнете го прилогот на Телма:






