(Видео) Фестивалот на кој се пее за албанските територии е финансиран од Министерството за култура и пренесуван на јавниот сервис МТВ2

Детската песна Trojet Shqiptare, која поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку иредентистички симболи и експлицитни политички пораки за промовирање на моноетнички, иредентистички „аманет“ за обединување на територии според АВМУ, е изведена на фестивалот Славејот од Кораб 2023 година, кој бил финансиран од Министерството за култура од конкурсот за програми од национален интерес.

Овој детски фестивал е поддржан и од Општината Дебар и приватни спонзори, е снимен и пренесуван на јавниот сервис МТВ2 на албански јазик. Песната има специфична иконографгија, ја пее девојче облечено во маица на која на предната страна беше прикажана јасна илустрација на картата на т.н. „Голема Албанија“ која вклучува територии на Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија, Косово и Грција, на која е претставена територија на која живеат или живееле етнички Албанци, а на задната страна на маичката на албански јазик беа испишани зборовите „1 GJUHË, 1 KOMB, 1 GJAK“ („Еден јазик, еден народ, една крв“).

Известувајќи за одржувањето на фестивалот, телевизијата на албански јазик „Коха“ пишува дека меѓу луѓето на кои им се доделени благодарници е и Лумтурие Хајро, новинарка на националната телевизија МТВ2. Благодарниците за уредниците и новинарите на МТВ2 е пракса и на претходните изданија на детскиот фестивал. Во ноември лани, кога се одржало 14-то издание на фестивалот, благодарница добила Емине Бајрами, уредничка во Македонската телевизија – МТВ2. Фестивалот е поддржуван со средства од Министерството за култура се’ до смена на централната власт. Веќе од 2024 година, пари за дебарскиот детски фестивал нема, па албанските медиуми пренесуваат поплаки од културни работници од Дебар, кои се жалат дека не им се прифатени дел од проектите, вклучително и фестивалот „Славејот од Кораб“.

Во денешната реакција на АВМУ, се смета дека навионалниот сервис не обезбеди заштита на малолетната публика.

„Прикажувањето вакви содржини во програма наменета за најмладата публика, претставува обид за индоктринација со идеи кои се во директна спротивност со духот на соживотот и толеранцијата во нашето мултиетничко општество, а пренесувањето на пораките преку деца претставува нивна груба злоупотреба за политички цели.  Фактот што спорните кадри и пораки поминале низ уредничкиот филтер на МРТ2 без да бидат отстранети, укажува на сериозен и системски пропуст во планирањето и уредувањето на програмата“, стои во реакцијата.

Ако не беше јавната реакција на социјалните мрежи, прашање е дали некој ќе забележеше на „иредентистичките елементи“ во детската песна Trojet Shqiptare, која од 2023 година па до денес, којзнае колку пати е емитувана.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ