(Видео) „Црнците не се мајмуни“ – Маж исфрлен од конгресната сала за време на говорот на Трамп

Фото: Јутјуб

Претставникот во Претставничкиот дом на САД од Тексас и член на Демократската партија, Ал Грин, беше исфрлен од конгресната сала за време на обраќањето на претседателот на САД Доналд Трамп за состојбата на нацијата.
Тој беше исфрлен затоа што развеал транспарент на кој пишувало „Црнците не се мајмуни“.
Ал Грин беше исфрлен од Конгресот по втор пат во последната година за време на говорот на Трамп, потсетува Ен-Би-Си њуз.


Транспарентот „Црнците не се мајмуни“, беше протолкуван како одговор на видеото што Трамп го објави на социјалните мрежи овој месец, во кое поранешниот претседател на САД Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама беа прикажани како мајмуни.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ