Вкупно 503 матуранти од средните штипски училишта годинава ќе полагаат матура на кампусите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Официјалната бројка ја соопшти Снежана Санева, раководител на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип:

„Најголем дел од нив ќе полагаат државна матура, внупниот број е 372 од сите средни училишта и општинските и државните на тетиторијата на општинaта. Потоа ќе имаме и државна-стручна матура, вкупно се 15, од кои осум од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Коле Нехтенин“, а седум од средното медицинско училиште. Потоа, тука спаѓаат и учениците кои што ќе полагаат средна уметничка матура, тоа се учениците од ДМУЦ ,,Сергеј Мијхалов“, каде вкупниот број е 33. Потоа имаме полагање на училишна матура, бројот е 38 на ниво на општина и исто така имаме и ученици кои што ќе го полагаат завршниот дел од овој испит. Вкупниот број е 45, тоа се оние кои завршуваат тригодишно средно образование.“ – вели Санева.
И годинава, како и лани, штипскиот универзитет и излегува во пресрет на општината и Бирото за развој на образованието за обезбедување просторни капацитети во кои матурантите ќе можат да ги полагаат испитите.





