Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на синоќешната седница донесе одлука да го кандидира Владко Грозданов за кандидат за градоначалник на Кочани.
Д-р Владко Грозданов е специјалист гинеколог, а во локалните кругови во Кочани се споменуваше и како потенијален иден директор на кочанската болница, по разрешувањето на д-р Кристина Серафимова.




