Вознемирувал малолетничка, тепале сопруги и деца – Кривични за демнач и семејни насилници во тетовско и Гостивар

СВР Тетово информира за тетовски демнач и двајца семејни насилници. Против нив се поднесени кривични.

Ова се насилниците.

-На 26.05.2026 во 20:35 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(55) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека следел и вознемирувал малолетничка од друго тетовско село. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144-а од Кривичниот законик. ……

-На 26.05.2026 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода З.Ѓ.(71) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговиот син и неговата сопруга. З.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. …..

-На 26.05.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.Д.(72) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:30 часот во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал неговата 66-годишна сопруга од Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава. …… На 26.05.2026 во 18:30 часот во Полициското одделение Жеровјане, 70-годишник од тетовско село пријавил дека на 24.05.2026 околу 12:00 часот во маркет во друго село бил физички нападнат од неговиот зет Н.А.(75). Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ