Во сабота на 13-ти септември нема да се одржи „Маршот за ангелите“, протестен марш на родителите и семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“, кој вообичаено се одржува секоја сабота, поради тоа што се навршуваат шест месеци од несреќата, па во сабота се предвидени верските обреди.
- На овој ден ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на нашите деца, соопштија родителите.




