Во сабота Марш за ангелите во Кочани

По подолга пауза, оваа сабота, на 21 февруари, во Кочани ќе се одржи Марш за ангелите со старт во Паркот на револуцијата од 15:05 часот.

„Маршот на ангелите — достоинствен собир посветен на сеќавањето и на барањето правда. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во тивок марш, обединети во истата цел: вистинска правда за секој млад живот и одговорност за секоја неправда. Овој марш е глас на семејствата, пријателите и целата заедница која не се помирува со молкот и нерешените прашања. Чекориме за да потсетиме дека правдата не смее да доцни и дека секое изгубените животи нè обврзуваат на упорност. Вашето присуство е важна поддршка. Да одиме заедно — достоинствено, тивко, но одлучно, стои во повикот на Здружението на семејствата на загинатите „16 Март 2025 г.“

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ