Во сообраќајката кај Виница загина возач (65) од Истибања, а тројца се повредени

Додека во Кочани се одбележуваше годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ на само неколку километри се случи тешка сообраќајна несреќа, во која беше изгубен еден човечки живот.

Како што соопшти СВР Штип, несреќата се случи вчера околу 13:40 часот, кога во ОВР Виница е пријавено дека на патот Кочани – Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.

„Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип констатирани во Општата болница Кочани. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница„, соопшти СВР Штип.

Фото: Радио Кочани

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ