Двете најголеми партии – ВМРО ДПМНЕ и СДСМ од Штип се’ уште немаат поднесени кандатски листи за Локалните избори во октомври, но во скалд со досегашната практика, веројатно ќе се чека измеинувањето на последните часови од крајниот рок за нивно поднесување. Листите според Роковникот на Државната изборна комисија, е утре на полноќ.
До овој момент во Општинската изборна комисија има поднесено четири кандидатски листи за членови на општинскиот Совет.
-Примени се листите на двајцата носители на независни листи – Енис Демиров и Раман Демиров, како и листите на партиите Единствена Македонија и МААК – Конзервативна партија, ни потврди Виктор Вацев, претседател на Општинската изборна комисија во Штип.
Веќе е познато дека кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ е актуелниот градоначалник на Штип Иван Јорданов, додека носител на листата ќе биде докторката Весна Ушинова, актуелен советник. Во СДСМ кндидат за градоначалник е актуелниот претседател на општинската организација- Павел Иванов, додека носител на советничката листа е Галаба Вереса.
Од Левица е извесно дека носител на листата во Штип е Ангеле Михајловски, универзитетски професор и актуелен советник. Името на кандидатот за градоначалник се очекува во наредните часови да се потврди и листите да бидат поднесени.







