Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација.
-Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпревар. Сакам да гледам тим кој не се откажува и кој стои цврсто до последната минута. Верувам во квалитетот на фудбалерите, во нивната желба да го носат македонскиот дрес, рече Седлоски”.




