Грамче по грамче кокаинче – Паднале имиња добро познати во криминалните кругови во акцијата на МВР

Фото: МВР

Неофицијално, МВР – Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал, заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец – Скопско. На удар е криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со дрога, поточно кокаин, а според првичните информации се вршат претреси на околу петнаесеттина локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје.

Неофицијално, во рацете на полицијата наводно паднале и имиња добро познати во криминалните кругови, меѓу кои се споменуваат Покрајчевалиев, Бојаџиски, Коцев, Веле викан „Бикот“, пишува нетпрес.мк.

МВР се уште официјално нема информација.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ