Груби е фатен откако самиот решил да се врати во земјата  – „Кралот се врати“ е дел од коментарите

Поранешниот вицепремиер, Артан Груби, кој една година беше во бегство, е однесен во затворот Шутка на издржување на 30 дневен притвор, кој му беше одреден во отуство. Како што соопшти МВР, Груби беше приведен изутрината во 06:10 часот на граничниот премин Блаце, откако решил сам да се врати во земјата.

Повеќе медиуми објавија видео од апсењето на Груби, каде во еден кадар се гледа како Груби се смешка додека му ставаат лисици на рацете. Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ, прашуваат од коалицијата ВЛЕН, нарекувајќи го Груби „црна кутија за вледењето на ДУИ“.

„Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан“, реагираа од ВЛЕН. Албанските медиуми пренесуваат дел од коментарите на граѓаните и како што пишуваат „бројни пораки за поддршка”: “Ова е човек и се предава“, „Браво Груби, ова го направи како човек“, „Браво, само храбрите го прават ова“ и „Кралот се враќа“.

Овие коментари се однесуваат и на насмевката на Груби при апсењето, што според некои од граѓаните кои коментираат, е „насмеан и бестрашен“ во моментот на предавањето.

Груби е осомничен во случај поврзан со Државна лотарија за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ заедно со Перпарим Бајрами за проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати. 


©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ