Групата „Ќерки и татковци допишување“ на Фејсбук педофилска, админот е во Хрватска?! Акција на МУП Србија и Европол

Фото: Пикселс

Припадници на Министерството за внатрешни работи и Служба за борба против високотехнолошкиот криминал на Србија, одговорија на итни поплаки од граѓани во врска со скандалозен налог на социјалната мрежа Фејсбук наречена „Ќерки и татковци допишување“. Постоеше основано сомнение дека оваа страница се користи за воспоставување несоодветна комуникација помеѓу возрасни и малолетници.

Акцијата е спроведена по наредба на Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Во соработка со компанијата „Мета“, српското МУП доби релевантни податоци и изврши детални проверки што довеле до конкретни информации за тоа кој управува со оој налог.

„Утврдено е дека администраторот не се наоѓа на територијата на Србија, туку на територијата на Република Хрватска. Се вршат понатамошни проверки со цел да се утврди можна комуникација со малолетници“, соопшти МВР, пишува пинк.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ