Дала 4000 евра за да добие пензија – жена од кочанско останала и без пари и без пензија

Полицијата во Кочани доби пријава од 61-годишна жена од кочанско, која во октомври 2020 година дала 4000 евра на човек од истиот крај, кој ѝ ветил дека преку пријатели ќе помогне да добие пензија. Речиси пет години подоцна, жената е без пензија, а измамникот престанал да одговара на нејзините повици. Жената го пријави во полиција.

-На 17.09.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра. Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето  ѝ ветило дека може со пријатели од Скопје да направи таа да земе пензија. Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 година, таа подготвила документација и му ги дала парите. Како што е пријавено, откако ги дала парите до декември 2024 година имале повремени контакти, по што престанал да одговара на нејзините повици и се посомневала дека е измамена, соопшти СВР Штип.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ