Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Тие беа избрани вчера вечерта на маскенбалот, кој се одржа во хотелот „Сириус“. Традиционално Душко и Даница вечерва ќе го предводат дефилето на глваната вечер на карневалот во Струмица.

,-Нашата порака е масовно да ја пренесеме оваа традиција која трае со векови ба бапуте деца и тие да учествуваат на струмичкиот маскенбал и карневал, кажа Душица
Дел од синоќешниот маскенбал беше и градоначалникот Петар Јанков со сопругата. Тој немаше класична маска, но ја носеше карневалската капа и ги повика сите да дојдат вечерва и да се забавуваат.
-Овие денови нашите угостителско и туристички капацитети се преполни што е добро за локалната економија. Карневалот носи и поголема афирмација на Струмица пошироко. Познат наш бренд кој мора да го негуваме и се надевам дека од година во година ќе биде повидлив надвор од земјава, рече Јанков.

Танкица Стојанова, претседтелот на организациониот одбор е презадоволна од атмосферата на маскенбалот, но и од се она што ги очекува посетителите на годинашниов карневал.
-Насмевки, позитивна енргија, сите да се среќни не само овие седум дена, туку и цела година. Цел организационен одбор вечерва сме маскирани во шаховски фигури. Кралеви и кралици. Тоа не асоцира на ситуации кои не ставаат во шах-мат потези со кои се среќавме во секојдневието. Но, на крајот победува позитивната енергија, рече Стојанова.

А каква беше атмосферата на маскенбалот и какви маски дефилираа погледнете во фотогалеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски:













