Денеска е летната долгоденца -изгрејсонцето е најубаво на Кокино

Денеска во 10 часот и 24 минути, официјално започна летото за жителите на северната полутопка. Денешниот ден е познат и како летна долгоденција, природен феномен што се случува еднаш годишно, кога ноќта е најратка – или сонцето ќе изгреа во 4:51 часот, а ќе зајде во 20:27 часот, со денот што ќе трае 15 часа и 36 минути, додека ноќта ќе трае 8 часа и 24 минути.Летото ќе трае 93 дена, 15 часа и 40 минути, а ќе заврши на 23 септември во 02:05 часот, кога започнува есента. Потоа денот постепено ќе се скратува сè до 21 декември, кога започнува зимата.

Во текот на денешниот ден сонцето го прави својот највисок дневен пат над хоризонтот, изгрева на североисток, на пладне достигнува најголема висина во текот на годината, а заоѓа на северозапад. Денеска е и сонцестој – се создава впечаток дека висината на Сонцето околу пладне не се менува неколку дена, како „да стои во место“.

Традиционално, послдените години, летната долгодневица на Кокино, кај Куманово, почнува со набљудување на изгрејсонцето. Така беше и рано изутрината, на настан организиран од Музејот во Куманово.
Локалитетот Кокино, стар околу четири милениуми, претставува едно од најзначајните археолошки и археоастрономски наоѓалишта во Македонија. Токму овде древните жители внимателно ги следеле движењата на Сонцето и небесните тела, оставајќи сведоштва за нивното извонредно познавање на природните циклуси и нивната улога во секојдневниот живот и духовната култура.


Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино. Токму оваа уникатна поврзаност на природата, науката и културното наследство му дава исклучителна вредност на локалитетот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ